Со години садел цвеќиња за неговата слепа сопруга да може да ужива во миризбата

Господин и госпоѓа Куроки, пар од Јапонија, заедно се уште од 1956 и целиот живот се надевале дека откако ќе се пензионираат ќе го поминуваат своето време во патување. За жал, госпоѓата Куроки се соочила со компликации поради дијабетес и како резултат на тоа го изгубила видот. 

Ненадејното слепило кај госпоѓата предизвикало депресија и поради тоа седела затворена дома подолг период. Била скршена дека нема да можат да ги поминат пензионерските денови онака како што посакувале.

Нејзиниот сопруг се чувствувал ужасно гледајќи ја својата сакана како тагува и започнал да размислува како да ја направи среќна повторно. Идејата произлегла еден ден откако работел во неговата мала градина и забележал дека неколку луѓе застанувале за да уживаат во мирисот на неговото цвеќе кое го садел.

Оттогаш тој поминал неколку години садејќи цвеќиња, а по некое време неговата фарма се претворила во една од најубавите градини во земјата.

Наскоро, градината станала еден вид на туристичка дестинација, привлекувајќи посетители од различни краишта. Неговата сопруга иако не можела да ги види цвеќињата, сепак уживала во мирисот кој го шират, замислувајќи колку прекрасно изгледа градината. Исто така, сега таа не е сама бидејќи има постојани посетители.

Во сезоната кога цвеќињата цветаат, градината ја посетуваат и по 7.000 луѓе дневно.




Коментари

коментари