Категории

Со години сте сингл и никако да запознаете некого? – Можеби во ова грешите

Ако веќе некое време се прашувате во што е проблемот и зошто не можете да запознаете некој кој ќе ви го привлече вниманието, збунети сте и очајни, ова е одговорот..

Кога ќе се спомне сериозна врска, на некои тоа им делува прилично тешко, дури и да го изговорат, но затоа пак се добри во заведување. Овие знаци зборуваат зошто вам тоа не ви поаѓа од рака.Еве кои нешта треба да ги промените..

Одите во преполни клубови, но не запознавате никој
Се што ви треба е насмевка која ќе ја упатите кон личноста која ќе ви се допадне и тој буквално ќе се „стопи“. Бидете опуштени и комуницирајте.

Танцување
Доколку само стоите како здрвени во место цела вечер, нема да ви помогнат нити најубавата облека, чевли, и шминка. Бидете опуштени и покажете колку сте забавна и весела личност.

Љубоморни сте на оние кои се во врска
Доколку некој ваш близок е во врска и се прашувате што тој има а вие немате, почнете да размислувате поинаку. Можеби тој едноставно е поотворен за нови прилики и дава шанса да запознае нови луѓе а вие делувате незаинтересирано и студено. Научете нешто од нив.

Опседнатост е вашето второ име
Откако ќе запознаете некој одма почнувате да го замислувате како татко на вашето дете или како ќе го запознаете со вашите родители и дали ќе му се допадне на вашата мајка. Оладете! Одговорите на тие прашања се кријат многу подоцна откако подобро ќе го запознаете. Немојте да градите соништа со некој кој го познавате само неколку месеци.

Огорчени сте
Ако сте склони кон размислување дека „мажите само сакаат да ве користат“, вашата мантра е поприлично негативна и нема да имате многу успех. Не се сите мажи исти, треба да им дадете прилика.

Се плашите од грешки
Се прашувате дали да излезете со некој тип или не? Дефинитивно да. Дајте му шанса, освен ако не е во прашање некој комплетен „фрик“.

Не се однесувате како дама
Имајте гордост и достоинство и не се спуштајте ниско за да му удоволите на некого. Не правете сцени и драми. Бидете дама!