Со ловоров лист во борба против грипот и бронхитисот

Ловоровиот лист на сите им е многу добро познат. Тој се користи како зачин во многу јадења делувајќи поволно на системот за дигестија.

Маслото кое се добива од свежите плодови се употребува при состојби на осип, болки во мускулите. Ловорот позитивно делува на расположението. Тој исто така е делотворен при лекување на бронхитис и грип. Потребно е да се направи чај, така што три листа од ловор се ситнат и се полеваат со 250 мл ладна вода. Се ставаат да зовријат, па по 10 минути се процедува чајот и се пие засладен со две лажички мед и се додадава една лажичка сок од лимон. Овој чај се пие два до три пати дневно се до подобрување на симптомите.




Коментари

коментари