Со онлајн Демо ДЕН заврши втората акцелератоторска програма на Сеавус

Со онлајн Демо ДЕН, кој помина во одлична атмосфера, Сеавус Акцелераторот ја заврши втората акцелератоторска програма – насловена како Tech Boost Program, која Сеавус ја реализираше во партнерство со еден од водечките европски B2B Акцелератори – Startup Wise Guys.

По 10 неделна онлјалн програма, стартапите на Сеавус Акцелератор имаа ексклузивна можност своите бизнис идеи да ги претстават пред домашни и странски инвестотитори, ментори и стартап организации. Со тоа, партнерството со Startup Wise Guys годинава не само што сериозно го подигна квалитетот на програмата давајќи и интернационален карактер, туку обезбеди и многу поголема афирмација на нашите стартапи. Во таа насока е и нивното учество на престижната PODIM конференција на која ќе бидат дел заедно со повеќе од 1000 млади претприемачи од регионот, како и бројни инвеститори од целиот свет – изјавија од Сеавус Акцелератор.

*Сеавус Акцелераторот е прв корпоративен акцелератор за поддршка на технолошки старт ап компании. Проектот е помогнат од страна на Фондот за иновации и технолошки развој, а оваа година оствари и партнерство со European Fund for Southeast Europe (EFSE) и Startup Wise Guys – водечки B2B стратап акцелратор во Европа.




Коментари

[fbcomments]