Категории

Со оваа маска никогаш нема да останете без батерија

AMPWare маската ја спојува модерната со старата технологија и поради тоа повеќе не морате да се грижите дали ќе ви се исклучи мобилниот телефон.

Моментално е достапна само за корисниците на iPhone 6S. Посебноста во оваа маска е што има механизам за полнење на батеријата. Имено, во склоп со маската е и дршка која се извлекува и се врти.

Што повеќе вртите, толку повеќе произведувате енергија која ја полни батеријата на iPhone 6S.

Еден од луѓето кој го смислиле ова „чудо“, Марк Габриел тврди дека за 5 минути вртење на дршката се произведува доволно енергија за еден час нормално користење на мобилниот, односно 5 часа ако не го користите за ништо.

Освен што произведува енергија, AMPWare маската го штити телефонот од гребаници и во случај ако ви падне.

Цената на оваа маска е 79 долари, а достапна е во црна боја, темно зелена и светло зелена боја.

https://www.youtube.com/watch?v=RZoa2877UU0

Прегледи:
333
Објавено на:
22.01.2016