Категории

Со овој трик ќе ги намалите кавгите во бракот. Обидете се!

Кавгите укажуваат на проблем помеѓу партнерите, но честопати нема ништо лошо во нив ако се конструктивни. Проблемот е во тоа што се расправаме „напразно“ со што трошиме енергија и го расипуваме односот.

Затоа, најпрво треба да одговорите на овие пет прашања.

 1. Дали сте утрински или вечерен тип на човек?

2. Дали вашиот партнер е утрински или вечерен тип?

3. Кога ќе се сетите на најлошите кавги, дали забележувате дека се случуваат во одреден период од денот или на одредено место?

4. Кога ќе се сетите на најпродуктивните расправи, дали се случиле во одреден дел од денот и на одредено место?

5. Дали се чувствувате подобро кога се карате штом настане проблемот или кога ќе почекате да се стишат страстите?

Еднаш кога ќе сфатите кога е најголема веројатноста вашите кавги да се претворат во бура, можете да спречите повторување на тоа сценарио. На пример, ако сте нервозни наутро, нема повторно да си дозволите да влезете во расправа штом отворите очи за неизмиените садови, туку ќе почекате да помине време.

Прегледи:
246
Објавено на:
28.07.2018