Со помош на овој трик ќе го приготвите највкусниот помфрит! (РЕЦЕПТ)

Крцкав и вкусен помфрит кој едноставно се подготвува, во домашни услови.

Потребни состојки:

  • компири
  • сол
  • масло за готвење

Подготовка:

Излупете го компирот и исечете го на парчиња. Нека биде постојано во сад со вода за да не потемне. Загрејте солена вода. Пред водата да почне да врие ставете го помфритот во неа. Варете го помфритот околу 5 минути, додека не омекне. Потоа тргнете од оган и исцедете го помфритот. Исцедениот помфрит оставете го половина час во фрижидер за да се олади. Изладениот помфрит пржете го во загреано масло.

*Пржете го помфритот најпрво на средна температура за да не биде „жив“ внатре,а потоа зголемете ја температурата со цел да стане крцкав.

Пријатен апетит!




Коментари

коментари