Со секој дел од телото доминира одреден знак, откријте го вашиот енергетски хороскоп

Со секој дел од телото доминира одреден знак. Кога имате здравствени проблеми, важно е да ја избалансирате рамнотежата на вашата енергија и на тој начин да си помогнете себеси.

Секој од нас, на некој начин, во себе ги содржи сите 12 хороскопски знаци, на емотивно, духовно и физичко ниво. Откријте го вашиот енергетски хороскоп.

Овен

Владее со главата, косата и лицето – Родени се лидери, амбициозни, егоцентрични, храбри и самоуверени. За да се чувствуваат добро треба да бидат она што сте. Последиците од енергетскиот дисбаланс се главоболки, мигрени, недостаток на самодоверба, проблеми со кожата и синуси, егземи, осип и губење на косата. Забавете, медитирајте и посветувајте поголемо внимание на луѓето околу вас.

Бик

Управува со вратот, грлото, тироидната жлезда, крајниците – Практични сте и сигурни, ја сакате материјалната и финансиската стабилност. Енергетскиот дисбаланс води кон болки во грбот и грлото, како и страв од промени. Насочете ја енергијата кон грлото, користете кристали, пеење, или менувајте нешто во вашиот живот и околината.

Близнаци

Управуваат со начинот на размислување, мислите, рацете, особено тупаниците – Вие сте роден говорник и писател кому му е потребна слобода да се изрази. Енергетското растројство се манифестира преку расеаност, збунетост, склоност кон озборување, болки во рацете или тупаниците. Читањето е најдобриот лек, бидејќи ви помага да го смирите вашиот ум.

Рак

Ги контролира градите и срцето – Премногу сте чувствителни и имате изразена потреба да се грижите за членовите на вашето семејство, како и за оние што ги сакате. Енергетскиот дисбаланс се манифестира преку преку хиперсензитивност, потреба за осаменост, проблеми со дишењето, кашлица, воспалено грло. Правете вежби за дишење и поминувајте повеќе време на свеж воздух.

Лав

Владее со срцето и горниот дел од грбот – Вие сте горди, самоуверени, дарежливи, храбри. Сакате да бидете во центарот на вниманието и да го добивате она што го сакате. Нарушување на енергијата се манифестира преку проблеми со срцето, емоционални блокади, недостаток на доверба, срамежливост. Потребно ви е креативно да се изразувате, да се занимавате со уметност, танц, поезија, глума.

Девица

Управува со желудникот и дигестивниот тракт – Аналитични сте и оптоварени со детали, што го оптеретува и вашиот нервен систем. Дисбалансот на енергијата води до проблеми со цревата, запек, нарушувања во исхраната, па дури и опсесивно однесување. Важно е да научите како да се ослободите од очекувањата кои сте ги поставиле пред себе. Се препорачува медитација, креативна работа, вежбање и здрава исхрана.

Вага

Владее со бубрезите, стомакот и долниот дел од грбот – Најважно е да се поврзете со другите и да изградите здрави партнерски и емоционални односи. Често сте или премногу независни или премногу зависни од другите. Енергетското нарушување може да се манифестира во уринарни инфекции, често мокрење и болка во долниот дел на грбот. Најдете начин да направите компромиси во вашиот живот, а од друга страна да останете силни и самостојни.

Шкорпија

Управува со гениталните органи – Вие сте знак на трансформација и регенерација, во постојана потрага кон нови животни искуства. Кога вашата енергија не е во рамнотежа, имате чувство дека сте блокирани или не можете брзо да се навикнете на промените. Дисбалансот се манифестира со депресија, пад на либидото или прекумерно либидо. Важно е да ги прифатите промените и да научите да се справувате со минатото.

Стрелец

Владее со колковите, бутовите и црниот дроб – Цел живот сакате да учите и да ги проширите своите знаења. Вие сте љубител на авантури, а вашата цел е подобро да го разберете светот околу вас. Кога вашата енергија не е во рамнотежа или стагнирате или не ве држи место. Имате тенденција да претерувате во задоволствата на животот, поради што можете да имате проблеми со колковите и црниот дроб. Еден од најдобрите начини да се вратите во рамнотежа е да патувате или да научите нешто ново што ќе ви помогне да ги проширите вашите хоризонти.

Јарец

Управува со коски, колена и заби – Амбициозни сте, практични, одговорни, дисциплинирани и подготвени да работите напорно за да ги постигнете своите цели. Кога постои дисбаланс на енергија станувате работохолик и мазохист, што здравствено се манифестира преку проблеми со колената и забите. Затоа е важно да научите да одморите и да научите што ги поттикнува вашите амбиции. Научете да управувате со времето за да имате повеќе време за себе и за вашите пријатели. Медитирајте, вежбајте јога, читајте.

Водолија

Владее со глуждовите и нервниот систем – Вие секогаш сте подготвени да им помогне на другите, особено на глобално ниво. Кога станува збор за паѓање на енергија, го губите чувството на реалноста, што може да предизвика вознемиреност и напади на паника, како и проблеми со глуждовите. Важно е да ги трансформирате вашите идеи и соништа во дела и да ја гледате пошироката слика. Занимавајте се со работи кои ве инспирираат. Бидете опкружени со луѓе кои мислат исто како вас.

Риби

Управува со стапала и епифиза – Романтични сте, сензуални, расеани, често конфузни, а вашата креативност најмногу се изразува преку уметност, особено преку музика и танц. Нарушување на енергетскиот биланс доведува до нервоза и ниска самодоверба, а може да се манифестира и со егоцентризам, прекумерна грижа или хипохондрија. Најдобар начин за “ресетирање” на енергијата е медитација и масажа на нозете.




Коментари

коментари