Категории

„Со смртта на Коби и дел од мене умре“: Мајкл Џордан со солзи во очите на комеморацијата во чест на Коби и Џиџи

Кошаркарската легенда Мајкл Џордан не можеше да ги задржи солзите на вчерашната комеморација во чест на неговиот „помал брат“ Коби Брајант.

Во текот на комеморацијата, тој го нарече Коби „помал брат“. Во неговиот говор тој рече:

„Секој од нас има браќа и сестри, помали браќа, помали сестри кои секогаш сакаат да се мешаат во вашите работи. Во вашиот плакар, да ги носат вашите чевли. Тој беше непријатност, ако можам да го употребам тој збор, но таа непријатност се претвори во љубов со тек на време. Токму поради восхитот кој го има кон тебе. Прашањата, љубопитноста за секој најмал детаљ. Со смртта на Коби, умре дел од мене. И додека ја гледам оваа арена дел од вас умира.“


Завршувајќи го својот говор, 57- годишниот Џордан изјави дека сега тој и неговата сопруга ќе ги чуваат Ванеса и нивните три ќерки – Натали, Бјанка и Капри блиску до своите срца, делејќи го сочувството и со останатите семејства чии членови настрадаа во оваа несреќа.

Нарекувајќи го Коби „помал брат“ уште еднаш, Џордан доби заслужени стоечки овации кога го завршуваше својот трогателен говор.

Прегледи:
713
Објавено на:
25.02.2020