Категории

Софија Лорен – „Ако не сте плачеле, вашите очи не можат да бидат убави“

Животни лекции на кои не научи италијанската Софија Лорен

Нејзината убавина не била препознаена кога на 14 години за прв пат се пријавила на натпревар за убавина, но затоа четири години подоцна кога се појавила на филмското платно, привлекла огромно внимание. Причината за тоа секако се крие во нејзината несекојдневна харизма, начинот на кој таа се третирала себеси и се однесувала кон светот. Својот физички изглед никогаш не го сметала за пресуден иако сеуште се смета за една од најубавите жени во историјата.

Софија Лорен не стигна до својата завидлива кариера и светска препознатливост на лесен начин, таа не потекнувала од богато семејство и немала врски, но затоа била првата италијанска актерка и генерално првата актерка надвор од англиско говорно подрачје која за својата глума се здобила со најпрестижната филмска награда – Оскар.

Таа во својата младост често истакнувала дека нејзините две предности во животот биле тоа што се родила паметна и сиромашна.
Во моментот кога станала мајка по втор пат, кариерата потполно ја ставила во втор план. Како и голем дел од италијанките, семејството го сметала за свето и тоа секогаш и било на прво место.

Целиот живот била во врска со само еден човек, италијанскиот продуцент Карло Понти, после неговата смрт таа изјави дека никогаш нема да се омажи, затоа што во овој живот не е возможно да засака уште некој, денес со своите 85-години таа сеуште важи за симбол на елеганција, гламур и грациозност.

Ова се најважните лекции на кои не научи Софија Лорен:

Бидете самоуверени
„Самодовербата може да се види во вашите очи и таа е неизоставна доколку се стремите кон успех во животот“

Убавината е она кое го чувствувате одвнатре, не е физичко нешто
„Ништо не ја прави жената поубава од нејзиното лично доживување на себеси дека е убава“

Сакајте ги своите облини
„Се што гледате на мене им го должам на шпагетите“

Животот е тежок, но токму тешките мигови се тие кои ќе ве направат силни и убави
„Ако не сте плачеле, вашите очи не можат да бидат убави“

Бидете дисциплинирани
„Дисциплината е еден од најдобрите начини на кои можете да му пристапите на животот“

Единствениот начин да ги победите годините е да го сакате животот
„Не постои фонтана на младоста: Таа се наоѓа во вашиот ум, вашите таленти, креативноста која ја внесувате во сопствениот живот и животот на оние кои ги сакате“

Истражете го животот, правете грешки
„Мојата животна филозофија секогаш се базирала на едноставни идеи и дека е добро да се истражува животот и да се прават грешки, отколку да се игра на сигурно и да не се ризикува воопшто“

Прегледи:
621
Објавено на:
22.06.2020