Категории

Софија Лорен на 81 година изгледа како од рекламите

Една од најголемите холивудски дами, оскаровката Софија Лорен (81) изгледа како од рекламите.

Во тоа се уверени водечките луѓе на познатата модна куќа Долче и Габана, кои на убавата Софија и дадоа улога во новата реклама за овој италијански бренд.

https://www.youtube.com/watch?v=ZYoYoWC1o9w

Долче и Габана сакаат да нагласат дека се безвременски и никогаш не излегуваат од мода, а никој тоа не може подобро да го претстави од една од најголемите холивудски ѕвезди на 50-тите. Актерката, која снимала со великаните на филмот Кери Грант, Клерк Гебл и Марчело Мастројани, се уште зрачи.

– Вакво нешто се уште може да се случи. На некој начин, јас сум севременска и многу ми се допаѓа што се уште можам да работам. Сето тоа ми е интересно, изјави Лорен за италијанскиот весник „Кориер дела Сера“.

Режијата за новиот спот ја потпишува италијанскиот режисер Џузепе Торнаторе, кој го режираше и Кино Парадисо, музиката за спотот е на Енио Мориконе, познат и по филмот „Беше еднаш на Дивиот запад“.

Пред овој спот, познатата актерка се најде и во кампањата на Долче и Габана, Софија Лорен Бр.1  кармин за усни.