Категории

Софистицирана елеганција на префинетата забавата на Cartier

Иконскиот бренд за накит и модни додатоци Cartier, по повод лансирањето на новиот луксузен часовник Panthere de Cartier приреди забава на која присуствуваа бројни ѕвезди. Познатите дами блеснаа во минималистички елегантни креации кои совршено одговараа со префинетиот амбиент, додека меѓу највпечатливите беа моделот Миранда Кер и актерката Сиена Милер кои изгледаа беспрекорно во целосно бели комбинации. Миранда избра мини фустан и блејзер со потписот на Augusta Getty додека Сиена воодушеви во светло сребрена нијанса на свилена блуза и панталони..
Погледнете ги сите изгледи од гостите на забавата.

Прегледи:
404
Објавено на:
10.05.2017