Категории

Софтверскиот инжинер Марјан Николовски: „МАИКА е бесплатна алатка којашто претвора текст на Македонски јазик во говор”

Марјан Николовски со задоволство ни го претстави новиот модел на прв софтвер од ваков вид со кој пишаниот текст на Македонски јазик автоматски се претвора во говор.

МАИКА е бесплатна алатка којашто без потешкотии го претвора пишаното во говор. Таа ги користи последните истражувања на GOOGLE со цел да овозможи создавање на чист македонски јазик изразен во говор од претходно напишан текст. Инаку, МАИКА е создадена од новиот македонски стартап EmitKnowledge-2020 чии основачи се софтверскиот инжинер Марјан Николовски и веб програмерот Сашо Михајлов.  Тие велат дека EmitKnowledge е друштвена мрежа чија основна и единствена цел е да овозможи споделување и консумирање квалитетна содржина, споделена од корисниците.

Во прилог ви го претставуваме изгледот на МАИКА. Таа може да се користи на следниот линк.

Инжинерот Марјан Николовски на својот Linkedin профил напиша:

,,Денес сакам да го објавам нашиот најнов производ „МАИКА“, кој ми е посебно при срце поради вредноста која ја носи за нашата земја.

Софтверот „МАИКА“ е бесплатна алатка којашто претвора текст на македонски јазик во говор. „МАИКА“ е следниот логичен исчекор што ќе придонесе кон збогатување на алатките и инфраструктурата на македонскиот јазик.

Би сакал да му се заблагодарам на тимот, соработниците, пријателите и семејството за несебичната поддршка која помогна да го реализираме проектот.

Ви посакувам убав ден! Срдечен поздрав, Марјан”

Што и да напишете на МАИКА, може да ви го изговори на природен македонски јазик! :)

 

Прегледи:
951
Објавено на:
11.05.2020