Категории

Солено езеро пронајдено под површината на Марс

Езеро со солена вода наводно е откриено под површината на Марс, што пак ја зголемува можноста за пронаоѓање на живот на оваа планета.

Во студијата, што ја објави списанието „Сајанс“, а ја изработи тим на Италијанскиот национален институт за астрофизика под раководство на професорот Роберо Оросеи, не се прецизира дали станува збор за подземен базен, резервоар или талог од кал.

– Доколку се потврди дека студијата е точна, ова ќе биде прв доказ за големото водено тело на Марс, изјави Кејси Стурман, геофизичарка од Универзитетот во Тексас.

Откриеното езеро се наоѓа на длабочина од 1,5 километри под јужната поларна карпа на Марс, а е широко околу 20 километри.

Со радарските инструменти било невозможмо да се утврди неговата длабочина, а истражувачкиот тим претпоставува дека е длабоко најмалку еден метар.

Во некои аспекти тоа наликува на субглацијалните езера на Земјата, но според професорор Оросеи не може да се говори за езеро во вистинската смисла на зборот

Прегледи:
369
Ознаки:
· ·
Објавено на:
26.07.2018