Сон под ѕвездено небо

Уникатно чувство како да спиете под отворено небо, а убавината е дека нема комарци.

3

Уникатно ѕвездено небо над вас, звуци и мириси создаваат чувство на убава вечер на отворено… тоа го нуди Космичкиот кревет.

Руската дизајнерка Natalia Rumyantseva е креаторот на овој магичен кревет кој сеуште е прототип. Неправилна јајцовина форма, заоблен покрив со лед сијалички, вграден аудио систем кој свири музика или вечерен шум, а може да биде и будилник. Луксузот е комплетен со арома терапија во вашиот кревет, преку механизам што испушта терапевтски мириси. Мал рај да избегаме од секојдневниот хаос и тоа во сопствениот дом. Секако, ако започне со продажба и да, ако може да си го дозволиме.




Коментари

коментари