Категории

Сонцето влегува во знакот на Овен: Ова ќе биде најзначајниот период за овие 3 знаци!

Од периодот во кој доминантно беше владеењето на Рибите, влеуваме во период во кој предводи Овенот и кој е карактеристичен по зголеменото ниво на енергија на сите полиња.

Овните, Стрелците и Лавовите најмногу ќе го почувствуваат ова влијание.

Доколку сте Овен, очекувајте пресврт. Со доаѓањето на пролетта, доаѓа и Сонцето во вашиот знак, што значи дека ќе бидете посигурни, поодлучни и поенергични. Ќе ве нервира сѐ што е споро и многу бргу ќе ги завршувате сите обврски. Како што Сонцето го претставува петтото поле на Лавот, ќе станете емотивно поотворени и подготвени за нов почеток. Ќе почувствувате како ви се враќа самодовербата, што ќе разреши бројни деловни дилеми.

Доколку сте Лав, а по природа вашата планета е Сонцето, што значи со неговото влегување во Овен за вас претставува повеќе учење, контакт со странство, но и завршување на судски процеси. Младите Лавови во следниот месец ќе имаат успеси кога станува збор за образованието, а останатите ќе сфатат дека не би било лошо да го усовршат она што моментално го работат. Ова е одличен период за носење нови деловни одлуки, бидејќи сѐ ќе ви оди од рака.

Ако сте Стрелец, подготвени сте за акција. Од фазата во која сте повлечени влегувате во нова фаза на пролетно будење. Ви се враќа енергијата, па ќе бидете подоминантни во односите со луѓето кои ви значат. Доколку имавте проблеми со здравјето додека Сонцето беше во знакот на Риби, треба да знаете дека од 20. март ќе бидете во многу подобра форма. Треба да се активирате и да почнете да живеете поздраво.

Сонцето ќе биде во знакот на Овен до 19. април, кога влегува во знакот на Бик.

Прегледи:
584
Објавено на:
20.03.2020