Сонувајте големи соништа – Започнете го нивното остварување со мали чекори

Сите големи соништа се остваруваат со преземањето на мали чекори, дури и оние кои делуваат бајковите и нереално. Секогаш почнувајте од нештата кои се во ваши раце и можете да ги контролирате.

„Кога луѓето би знаеле колку напорно работев за да станам мајстор, моите дела воопшто не би изгледале толку чудесни“ – рекол големиот ренесансен сликар и архитект, Микеланџело.
За да ги остватите своите големи соништа, секојдневно морате да војувате со малите нешта, да ги усовршувате и да ги претворате во мали ремек дела.

„Планината ќе ја помести оној кој на почетокот поместувал камчиња“, вели една стара кинеска поговорка. А оние кои велат дека таквите нешта се недостојни за нив и за нивниот потенцијал, па одбираат да чекаат наместо да почнат од некаде, засекогаш ќе останат заглавени во место.

Замислете го почетокот на градењето на големата пирамида во Гиза која е изградена околу 2560 п.н.е. по налог на фараонот Кеопс, тука ништо не изгледало монументално, напротив, било доста напорно дури и делувало невозможно.
А потоа после многу години се создало нешто што денес се смета за чудо на стариот свет и едно од најголемите човечки достигнувања.

Борете се против својата несигурност и победете ги сите сомнежи во себе, дури и во најтешките мигови кога вашите дланки треперат од измореност и желба за откажување, продолжете напред. Секој ден, повторно и повторно се додека таа мака не стане нешто величенствено.
Големите дела не настанале преку ноќ. Започнете го вашиот пат према големите дестинации, со мали чекори!




Коментари

[fbcomments]