Категории

Сопруг на годината: Порака која ќе им ги отвори очите на сите мажи (фото)

Страв од брак ги мачи мажите кои се плашат да помислат дека целиот живот треба да го поминат со иста жена. Но, еден пост на Фејсбук кој собра 655 000 лајкови и е споделен повеќе од 277000 пати ги согледа работите од сосема друга перспектива, а на мажот кој го напишал му ја донесе титулата за сопруг на годината.

Dale Partridge е популарен книжевен автор и мотивациски говорник кој на мажите радо им дава совети за среќен брак и љубов. Dale на својот Фејсбук неодамна објави прекрасна фотографија на која е со својата свршеница Вероника, а до фотографијата напишал уште попрекрасен пост.

-Мажите се грижат дека кога ќе стапат во брак остатокот од животот ќе мора да го поминат со само една жена. Тоа едноставно не е вистина. Се вљубив во 19 годишна љубителка на планинарење, се оженив за 20 годишна љубителка на животните, создадов семејство со 24 годишна мајка, потоа изградив фарма со 25 годишна домаќинка, а денес сум во брак со 27 годишна мудра жена. Ако вашиот ум е здрав, никогаш нема да ви досади една жена. Всушност, ќе бдете пресреќни со колку нејзини прекрасни верзии ќе бидете во брак со текот на годините. Немојте да му велите не на бракот, кажете да и продолжете да зборувате да до смртта“, им порача Dale на мажите.

Извор : makedonijadenes.com.mk

Прегледи:
531
Објавено на:
27.11.2016