Категории

Сопственикот на „Alibaba“ аплицирал на 30 работни места кога барал работа и бил одбиен од сите…

Основачот и извршниот директор на „Alibaba“ е совршен пример за упорност и одлучност. Од учењето на англиски јазик пред една деценија преку бесплатни тури за туристи, до неговото одбивање од „КFC“ кога аплицирал да работи таму, приказната на Џек Ма е вистинска инспирација.

Џек бил одбиен од 3 универзитети, неговиот прв интернет подвиг не бил успешен и се соочувал со порази многу пати во текот на неговото средно и високо образование поради неговите ниски оценки. Но, најмногу импресионира тоа што Џек Ма од Харвард бил одбиен дури 10 пати.

Аплицирал на 30 работни места кога барал работа и бил одбиен од сите, вклучувајќи ја и работната позиција во „KFC“, каде аплицирале 24 луѓе, и сите биле примени освен него. Тој 10 пати му пишал на Харвард, и секој пат бил одбиен.

Прифаќањето на одбивањето е поттик за понапорна работа и често пати претставува мантра која успешните луѓе ја усвојуваат во нивниот секојдневен живот. Ако Џек Ма може да биде одбиен илјада пати, и сепак да стане основач на компанија вредна 200 милијарди долари, тогаш вие немате изговор.

https://www.youtube.com/watch?v=o5BKaDCda_0

Прегледи:
378
Објавено на:
17.08.2016