Категории

Состојба на нови случаи на КОВИД – 19 во Македонија

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти.

– Скопје 4
– Куманово 3
– Прилеп 5
– Тетово 6
– Велес 4
– Битола 2

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Скопје (63г), примен на болничко лекување на 6-ти мај како сомнителен на ковид, потврден позитивен еден ден подоцна.

Во изминатите 24 часа направени се 744 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во:

– Скопје 16
– Куманово 2
– Прилеп 2

Досега во земјата се направени вкупно 24.762 тестирања на КОВИД-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 355 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на КОВИД-19. Досега со скринингот направени се 2.060 тестирања на КОВИД-19, а регистрирани се само два позитивни случаи на вработени во градинка во Битола и во Скопје. Сите останати резултати се негативни.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1941, бројката на оздравени пациенти е 1411, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 417.

Прегледи:
734
Објавено на:
23.05.2020