Категории

Состојба на нови случаи на КОВИД – 19 во Македонија

Регистриран е 21 излекуван пациент – 16 од Скопје, 3 од Куманово и 2 од Штип, сите се лекуваа во домашни услови. Со ова до денеска, бројката на излекувани пациенти во земјата изнесува 200 пациенти.

Во изминатите 24 часа потврдени се 18 нови случаи на коронавирус.

Скопје-2
Куманово-9
Штип-2
Тетово-2
Велес-1
Гостивар-1
Пехчево-1

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1225.

Починати се тројца пациенти позитивни на ковид-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина една пациентка од Лабуништа на 46 годишна возраст, примена на 29 март, а подолг временски пердиод била на механичка вентилација, и еден 71 годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 15 април.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Куманово на 63 годишна возраст, хоспитализирана во тешка состојба на 6 април и веднаш поставена на респираторна машина.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, примени се 3 пациенти од Скопје, Струга и Прилеп со средно-тешка и тешка состојба. Вкупно се хоспитализирани 56, од кои 18 се на кислородна поддршка, а 3 се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 15 нови пациенти. Суспектни пациенти кои добија негативен резултат се префрлени на други оддели, па во моментов на одделот за ковид се хоспитализирани 34 потврдени и суспектни пациенти. Со потешка клиничка слика се 9 пациенти, а 6 се на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14 пациенти потврдени и суспектни на ковид, а на домашно лекување се следат уште 15 пациенти.

Во штипската болница во мометов се лекуваат 5 ковид позитивни пациенти, сите во стабилна состојба, а на домашно лекување се следат 19 пациенти.

Прегледи:
608
Објавено на:
20.04.2020