Совет за среќа и продуктивност: Секое утро издвојте 15 минути за себеси

Времето кое ќе си го дадете на себеси е клучно за правилното функционирање на вашата психа и телот во текот на денот

Еден од најдобрите совети кои секогаш важи за прво правило на среќното, исполнето и продуктивно секојдневие е ранобудноста. Што повеќе обврски, тоа поголем стрес. Особено ако треба да ги завршиме во ист ден. Но начинот на кој секое утро се будите и мислите кои ве опкружуваат се клучни за правилното функционрање во текот на денот. Психолозите советуваат, за подобра продуктивност, секое утре да поминете петнаесеттина минути кои ќе бидат наменети само за вас и ќе ви дадат чувство на смиреност и концентрација за денот кој ви претстои.

Кога ќе заѕвони алармот, немој да одлагате, станете и посветете си 15 минути на себеси, советува Џини Мери Батистин, лиценциран брачен и семеен терапевт. Да се биде внимателен кон себеси значи да се биде присутен и свесен за околината, своите чувства и однесување. Како да се префрлите себеси во тоа расположени? Еден од начините е да осмислите утрински ритуал. Наместо да прегледувате меилови, скокнете под туш, пуштете ја омилената музика и уживајте во топлата бања и мирисот на некое освежувачко масло кое го сакате.

Утрото е најдобро време да нурнете во вашата потсвест. Еден од начините да го направите тоа е да испишете три страници пред направите нешто друго. Тоа може да е прераскажување на сонот, пишување дневник или правење список на обврските, но клучот е во тоа што морате да ги пополните страниците. Можете и да цртате, да запишувате нешта без страв и предрасуди, тоа ќе ви помогне да ја исчистите потсвеста од „ѓубрето“ кое може да го успори вашето размислување па така целиот ден ќе имате простор да се фокусирате на се важно.




Коментари

коментари