Категории

Совети како да ја зголемите вашата продуктивност

Во светот денес се се врти околу продуктивноста. Се очекува да бидете продуктивни, на работа, дома, секаде и во се генерално. Но не секогаш успеваме да ги завршиме сите обврски кои ги имаме на листата што не прави незадоволни од самите себеси. Ви откриваме неколку совети кои ќе ви помогнат околу тој проблем.

1. Нека вашата работна средина биде чиста и уредна
Дали знаете дека доколку местото каде што работите е чисто и уредно може значително да ја зголеми вашата продуктивност? Документите, папките и ред други работи кои седат расфрлани на вашата работна маса можат да ви претставуваат вистински проблем така што ќе се чувствувате збунето и изгубено.

2. Работете паметно
Часовите изминати во работа не се мерило за вашата продуктивност. Организирајте го вашето време така што ќе ги поделите вашите обврски и ќе знаете точно колку можете да постигнете во одреден период така секогаш ќе го знаете вашиот лимит и врз тоа ќе можете да поработите на подобрување на самите себеси

3. Направете листа на приоритети
Тоа е одличен начин за организација на вашите обврски. Направете листа на вашите приоритети почнувајќи од најважната задача која ја имате. Управувајте со вашето време паметно!

4. Не заборавајте да се одморите
Користете го вашето време за одмор и паузата да се одморите писихчки и физички, не само како пауза за ручек или кафе. Многу е важно кога ќе се вратите пак на работа вашиот мозок да биде одморен и спремен за новите обврски.

5. Направете рутина во спиењето
Обидете се да го регулирате вашето будење и заспивање, тоа игра доста важна улога во продуктивноста. Добриот одмор е круцијален за правилно функционирање на вашето тело, научниците велат дека оние луѓе кои немаат добра рутина на спиење, често се мачат со завршувањето на своите обврски.