Совети од психолог – Зошто се чувствувате онака како што се чувствувате и како да ја победите личната криза

Зошто денес се чувствуваме на начинот на кој се чувствуваме, како да си го објасниме стравот, паниката и анксиозноста и како повторно во морето негативни вести да пронајдеме нешто позитивно. 

Животот и престојувањето во домот во екот на кризата околу коронавирусот е вистински предизвик, но сепак, на самите почетоци на самоизолацијата успеавме да пронајдеме нешто позитивно во секој ден. Но потоа наеднаш ни се случи потрес кој на многумина од нас влијаеше доста непријатно. Зошто денес се чувствуваме на начинот на кој се чувствуваме, како да си го објасниме стравот, паниката и анксиозноста и како повторно во морето негативни вести да пронајдеме нешто позитивно.

Овие совети од психолог ќе ви помогнат да се изборите со личната криза.

Како да пронајдете нешто позитивно во морето од негативни вести?
Бидете свесни дека сите реакции и чувства во вакви „ненормални“ услови се во потполност нормални. Нормално е да немаме волја за некои нешта кои порано ни причинувале задоволство, во ред е да си дадеме време на себеси. Грижете се за себе, спијте доволно, внесувајте доволно течности, одморајте се и опуштајте се. Разговарајте со блиските и пријателите, делете ги своите чувства и барајте поддршка од другите тогаш кога ви е потребна.

Физичката активност е добра но за секого зависи од тоа што нему му одговара – вежбајте јога, шетајте некаде каде што нема луѓе, излезете во градината, истегнувајте се и танцувајте.

Немојте постојано и без престан да гледате вести и да читате новости на интернет. Ограничете го приемот на информации околу моменталната состојба на 2-3 пати дневно максимум и тоа од проверени извори.

Бидете свесни дека се ќе помине и немојте да губите надеж, сите го преживуваме ова на ист на чин и најважно е во овие мигови да си бидеме поддршка едни на други.

Самоизолацијата веќе некое време не држи во нашите домови и влијае врз нашето ментално здравје – Како да ја одржиме оптимистичката перспектива?
Изолацијата и непредвидливоста можат да бидат предизвикувачки за нашето ментално здравје. Важно е да пронајдете нешто добро во сето ова, нешто кое ќе ве мотивира. Размислете само за тоа колку кризи или стресни ситуации сте поминале низ вашиот живот и како сте ги пребродиле. Ова е само една од нив и секако ќе го има својот крај како и сите тие.




Коментари

[fbcomments]