Совети од топ моделот: Кејт Мос ни ги откри правилата за добар стил!

Нејзиниот стил се заснова на овие правила.

Во нејзиниот гардеробер може да се најдат најразлични парчиња. Од оние романтични до тотално машки модели, како широки фармерки и бајкерски јакни. Таа сака да експериментира и да биде иновативна.

 

Таа сака да испробува различни стилови. Таа честопати е прогласена за најдобро стилизирана жена на светот. Модните критичари ги сакаат нејзините комбинации на облека, па затоа е одличен соговорник на оваа тема.

 

Јас секогаш сум за гламурозни изданија

Отсекогаш избирав долги фустани со поедноставен крој, бидејќи тие се удобни и во исто време многу елегантни и гламурозни. Фустаните од свила се мојот најчест избор. Со нив секогаш избирам вртоглави високи потпетици, изјави таа.

 

Слоевитната гардероба е секогаш во тренд

Фустаните и комбинезоните, како оние што ги носат грчките божици, одговараат добро на секое тело. Во такви парчиња, јас навистина се чувствувам како божица. Со вакви необични кроеви, секогаш се одлучувам за потивка верзија на обувки и накит, додаде таа.

 

Женствени модели

Во мене како да се кријат две сосема различни личности. Понекогаш сакам да носам широка, машка облека, но кога станува збор за фустани, тоа се исклучиво женски модели со цветни принтови, истакна познатиот модел.

 

Фармерки и кожна јакна

Кога пак, станува збор за секојдневно облекување, секогаш сакам фармерки со светла боја и кожни јакни во рок стил. Со нив одлично се вклопува бела блуза. Оваа комбинација секогаш изгледа добро и може да се носи на многу настани, продолжи Кејт.

 

Бохо стил

За крај издвои, “Бохо е стил што навистина ми се допаѓа. Необичен е и многу личи на мене. Фустаните се мојот најчест избор во комбинација со каубојки”




Коментари

коментари