Совети за нега на СУВАТА кожа во текот на студените денови

Доколку имате сува кожа во текот на зимата, задолжително следете ги нашите совети

Студеното време не е баш пријатно за кожата, особено ако се соочувате со проблемот на сува кожа. Нискиот процент на влажност резултира со сув воздух, а без соодветната нега, сувата кожа може да стане иритирана и да почне да пука, а студот и ветрот само го влошуваат тој проблем.
Што е потребно да знаете во текот на студените денови за вашата сува кожа:

Туширајте се со млака вода
Иако голем дел од нас уживаат да се тушираат со врела вода во текот на зимските месеци, врелата вода ја намалува количината на природното масло на кожата и со тоа додатно ја исушува кожата. Треба особено да избегнувате да го миете лицето и рацете со многу топла вода.

Хидрирајте ја кожата ведаш после туширањето
Секогаш имајте при рака млеко за тело, природно масло или путер за кожа кои добро се нанесуваат и се впиваат и притоа и ја обезбедуваат потребната влажност на кожата.

Користете богата крема за лице со хранливи состојки
Исклучително е важно да пронајдете идеална крема која соодветно ќе ја нахрани кожата на вашето лице и ќе и обезбеди влажност и еластичност кои ќе спречат таа да почне да пука и да стане иритирана. Користете креми со висок степен на хидратација, богати со витамини кои ја смируваат иритираната кожа.

Користете заштитен фактор
Заштитниот фактор не треба да се заборави во текот на зимата иако сонцето е значително послабо, сепак постојат штетни зраци кои можат да и наштетат на вашата кожа. Се препорачува фактор со најмалку 15спф.

Внесувајте течности
Колку течност внесувате во вашето тело најпрво се забележува преку вашето лице. Доколку не внесувате доволно течности, кожата на вашето лице ќе биде без сјај, бледа и уморна. Секое утро пијте млака вода со лимот, и не заборавајте на топлите напитоци како чаеви, млеко, топло чоколадо, но внесувањето на потребната количина на вода во организмот е неизбежно.

Ноќна нега на кожата
Особено внимавајте на ноќната нега на вашата кожа. Користете хидрирачки серум богат со природни масла кој ќе ја нахрани вашата кожа. Внимавајте на пределот околу очите да ја добие потребната влажност со цел да избегнете создавање на ситни линии и брчки.
Редовно правете пилинг на вашето лице за да ги отстраните мртвите клетки и лушпи кон кои особено е склона сувата кожа.




Коментари

коментари