Категории

Совети за родителите: Реченици кои НИКОГАШ не смеете да му ги кажете на вашето дете

Иако се чести, тие се многу погрешни

Ако често сме студени и лути кон нашите деца, голема е веројатноста дека тие ќе бидат такви и во својата возрасна доба. Сите грешиме, а ако грешите и во овој миг, зошто да не застанете и го исправите тоа? Децата треба да имаат свој внатрешен глас кој не ги навредува и секогаш зборува позитивно за нив. Ако сте пријателски настроени и го мотивирате вашето дете тогаш таков ќе стане и неговиот внатрешен глас.

1.„Веднаш престани да плачеш“
Дури и ако вашето дете нема причина за да плаче, во тој миг не би требало да правите тоа да се чувствува глупаво поради тоа што не може да престане. Тоа е дете и неможе да ги контролира своите емоции како возрасен човек. Заслужува да му се дозволи да се чувствува како што се чувствува, а ако му кажете на своето дете дека не смее да го чувствува тоа, тогаш го програмирате да мисли дека не е во ред тоа што има емоции и на крајот постојано ќе ги потиснува.
Наместо тоа кажете му дека е во ред што плаче но и дека треба да знае каде погрешило и дека тоа што го направило не е во ред, таквиот пристап ќе донесе многу подобри резултати.

2.„Разочаран/а сум од тебе“
Родителите тоа му го велат на своите деца кога се во неволја и кога веќе се чувствуваат лошо поради она што тие го направиле. Кога детето ќе направи нешто погрешно, помогнете му да го пронајде својот пат и немојте да дозволите да мисли дека е тотално разочарување. Обидете се да кажете нешто како: „Тоа што го направи не е во ред. Ајде да поразговараме малку за тоа, може?“

3.„Ова не е доволно добро“
Болно е ако му велите на своето дете дека кај него нешто недостига, било да се работи за нешто внатрешно или надворешно. Ако тоа не го решите на време, тоа нешто ќе направи вашето дете да се чувствува како да не е доволно добро и ќе има комплекс од ниска вредност кога ќе порасне. Обидете се да му велите „Можиш да направиш уште подобро, верувам во тебе“

4.„Големите девојчиња/момчиња не се плашат“
Со тоа не го штитите вашето дете на никој начин. Тие се плашат и неможете да го запрете нивниот страв ако едноставно му кажете да не се плашат. Секој се плаши понекогаш, дури и вие. Соочете се со стравовите наместо да бегате од нив – тоа е она на кое треба да го учите вашето дете.
Кажете му нешто во стилот: „Во ред е да се плашиш, секој е уплашен понекогаш, но јас знам нешто кое ќе ти помогне“

5.„Безвреден/на си“
Ова нешто никако не смеете да му го кажете на своето дете. Вие сте личност чие одобрување вашето дете го бара најмногу и тоа не би требало да се плаши од она што го мислите за него. Ако му го зборувате тоа на вашето дете, остатокот од својот живот ќе го помине во барање одобрение на секакви места каде што може да го најде. Обидете се да му кажете нешто како: „Никој не е совршен душо, ќе биде подобро следниот пат.“