Совршен десерт кој се приготвува за 9 минути! (РЕЦЕПТ)

Се подготвува за 2 минути, се пече 6 минути, се мачка 1 минута и тоа е се!

Состојки:

  • 100 гр брашно
  • 100 гр шеќер
  • малку сол
  • 2 лажици прашок за пециво
  • 3 јајца
  • 4 лажици слатко од јагоди (или друг вкус, по ваш избор)
  • 2 лажици шеќер во прав

Подготовка:

Измешајте го брашното, шеќерот, солта и прашокот за пециво. Додадете јајца и се промешајте. За сето ова потребни ви се вкупно 2 минути! Подмачкајте го плехот, ставете хартија за печење, истурете го тестото и печете 6 минути на 180 степени.

За тоа време во тенџере загрејте го слаткото. Ви останува уште една минута работа – печеното тесто извадете го од плехот, тргнете го од хартијата, па намачкајте го со топлото слатко, завиткајте го во ролат и наросете го со шеќер во прав. Уживајте!

 




Коментари

коментари