Категории

СОВРШЕН ДЕСЕРТ ЗА ЗИМСКИТЕ ДЕНОВИ: Рафаело бомбиците ја надополнуваат зимската магија!

Во ладните зимски денови засладете се со семејството

Состојки:

  • 200 гр. вода
  • 500 гр. шеќер
  • 500 гр. млеко во прав
  • 250 гр. маргарин
  • 400 гр. кокос
  • 100 гр. лешници

 

Подготовка:

Ставете ја водата да зоврие и потоа додадете го шеќерот, потоа маргаринот и почекајте да се растопи.

Додадете го млекото во прав, 250 гр. кокос, измешајте добро (да нема грутки) и оставете да се излади.

Во посебна тава испржете 100 гр. лешници.

Од претходно оладената смеса направете бомбици и ставете по еден лешник во средина.

Извалкајте ги во кокос бомбиците и оставете ги во ладилник убаво да се стегнат.