Совршен трик со кој засекогаш ќе се ослободите од пеглање

После овој трик никогаш нема да морате да ја пеглате облеката, а потребно е да направите само една работа.

Ова се однесува само за луѓето кои имаат машина за сушење на облека. Потребно е во машината да ставите неколку коцки мраз, а потоа да ја пуштите машината неколку минути. Пареата која ќе се создаде од коцките мраз ќе ги израмни сите нерамнини на вашата облека.


Доколку сакате да го пробате овој метод препорачливо е да не ја полните машината целосно. Најдобра мерка е: две до три маици или една маица и панталони.

Веднаш штом ќе ги извадите работите од машината, закачете ја облеката на закачалка.




Коментари

[fbcomments]