Категории

Совршена крцкава закуска: Пржени печурки во тартар сос

Нема да можете да му одолеете на вкусот на ова интересено предјадење.

Состојки:

  • 500 гр. свежи печурки
  • 100 гр. брашно
  • 2 јајца
  • 50 гр. сусам
  • 100 мл. млеко
  • масло
  • сол
  • мелен црн пипер

Состојки за тартар сос:

  • 2 кисели краставички
  • 100 гр. мајонез

Подготовка:

Изматете ги јајцата, млекото и брашното, се додека  не добиете густа смеса (како за палачинки). Посолете. Печурките извалкајте ги во оваа смеса, па потоа во  сусамот и потоа испржете ги во загреано масло.

Подготовка на тартар сос:

Изрендајте ги краставичките, додадете две лажици мајонез и две лажици вода од киселите краставички. Наместо оваа вода, можете да користите бело вино докалку сакате.

Добар апетит!

Прегледи:
566
Објавено на:
16.08.2019