Совршена вечера: Брзи и сочни пица мафини! (РЕЦЕПТ)

Идеални кога сакате брза вечера!

Состојки за тесто:

  • 300 г брашно
  • 180 мл млака вода
  • 1 кесичка сув квасец
  • лажичка шеќер
  • лажичка брашно
  • две лажички топло млеко
  • пола лажичка сол
  • 2 лажици масло

Состојки за фил:

  • 200 мл сок од домат
  • 300 г моцарела
  • 50 г пармезан
  • 1 лажичка оригано
  • прстофат сол
  • 1 лажичка масло
  • 150 г пршута или шунка

Подготовка:

Квасецот растворете го во топло млеко со шеќер и лажичка брашно и оставете да нарасне. Во сад помешајте го брашното, солта и маслото, па додадете го нараснатиот квасец и водата. Замесете тесто, премачкајте го со масло, покријте со крпа и оставете да стои најмалку 30 минути.

За филот измешајте сок од домат, масло, сол и оригано. Моцарелата изрендајте ја и помешајте ја со претходната смеса и додадете ситно сецкана пршута или шунка. Истенчете го тестото, па со чаша вадете кругови во склад со вашите калапи за мафини. Калапот подмачкајте го, па префрлете ги топчињата од тесто во калапот и ставете фил одозгора. Најгоре ставете го изренданиот пармезан, па печете на 200 степени 15-20 минути.




Коментари

коментари