Совршена за Бадник: Баклава чекор по чекор (РЕЦЕПТ + ВИДЕО)

Без разлика каква баклава сакате, оваа сигурно ќе ги освои вашите симпатии. 

Состојки:

  • 300 г мелени ореви
  • 100 г суво грозје
  • 3 ванилини шеќери
  • вода
  • масло
  • 500 г потенки кори

Прелив:

  • 700 г шеќер
  • 1 л вода
  • лимон по желба

Подготовка чекор по чекор:

1. Во сад помешајте ги оревите, сувото грозје и ванилиниот шеќер.

2. Подгответе на страна вода која ќе ја додадете на маслото.

 

3. Потенките кори исечете ги во големина на тепсијата која ја користите, подоцна вишокот ќе го искористите.

4. Премачкајте го со масло дното на тепсијата.

5. Секоја кора попрскајте ја со водата која ја ставивте во сад и со масло.

6. Наредете ги корите а потоа исечете ја баклавата.

7. Површината добро премачкајте ја со чисто масло.

8. Оставете да се пече на 180 степени околу 45 минути.

9. За тоа време подгответе го преливот, потрудете се да биде готов кога ќе ја извадите баклавата.

10. Во лонец додадете шеќер и вода, ставете да се варе некои 15-20 минути, внимавајте само да не добиете густ сируп. Доколку го сакате вкусот на лимонот, пред крај на варењето додадете неколку тенко пресечени парчиња лимон и подоцна искористете ги на баклавата како декорација.

11. Жешката баклава прелијте ја со жешката течност.

12. Прекријте со алуминиумска фолија и одзгора ставете две крпи.

13. Кога ќе се олади на собна температура, ставете ја во фрижидер.

14. Баклавата е највкусна по 2-3 денови, но може да се јаде и веднаш.




Коментари

коментари