Категории

Совршени идеи за уредување на вашиот дом во зависност од неговата големина (ФОТО)

Домот за секој од нас претставува посебно место, засолниште од надворешниот свет, а воедно и среќно катче каде што секогаш се враќаме. Со оглед на тоа дека домот е местото каде што го поминуваме најголемиот дел од денот, особено е важен ентериерот кој создава топла и пријатна атмосфера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DDS Building (@dobredojdedoma) on


Во зависност од квадратурата на вашиот дом, постојат повеќе трикови како максимално да го искористите слободниот простор, уредувајќи го домот по свој вкус, креативно, а истовремено функционално користејќи го капацитетот на домот.

DDS Building, главните „виновници“ за создавањето на новата урбана населба во Маџари, во склоп на својот станбен објект создаваат домови во различни квадратури во зависност од вашите потреби и можности. Покрај тоа што со избирање на DDS Building како градежна компанија која ќе се погрижи за вашиот нов дом, неговиот квалитет и услови за живеење, добивате сигурност, удобност и комфор, тие исто така ви помагаат да добиете идеја за уредување на вашиот нов дом. Во зависност од понудените квадратури на становите на DDS Building, погледнете како може да го уредите својот дом.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DDS Building (@dobredojdedoma) on


46м2 – Помал, но практичен стан, одличен за создавање среќни приказни. Доколку паметно го искористите неговиот капацитет, визуелно ќе добиете совршен простор во кој ништо нема да недостасува.

50м2 – Изберете го станот со оваа квадратура и исполнете го со многу љубов, уредубајќи го по ваш вкус, минималистички елементи и светли бои кои ќе имаат одличен ефект врз оваа квадратура.

60м2 – Доколку изберете стан од 60м2, имате доволно простор за детали, шаренило и комбинација на стилови.

69м2 – Доволно простор за остварување на сите ваши желби кога станува збор за уредувањето на вашиот животен простор. DDS Building ви помагаат при изборот со следниве идеи. Искомбинирајте ги пастелните тонови со некоја посилна боја, како што е жолтата и уживајте во секоја минута помината во својот дом.

76м2 – Пространост, можност за импровизации при уредувањето и создавање модерен и удобен стан. Погледнете го предлогот на DDS Building за уредување на стан од 76м2.

104м2 – Простран стан кој овозможува врвна удобност, луксузно живеење и катче за секој член на семејството. Големината на станот ви дозволува да создадете уникатен дом карактеристичен за вас и најблиските.

Доколку сте во потрага по вашиот дом од соништата, DDS Building знаат што е најдобро за вас, а со помош на овие предлози ќе добиете квалитетен, а истовремено и модерен и совршено уреден дом.

Прегледи:
2506
Објавено на:
23.04.2019