Категории

Совршени компири според рецептот на Џејми Оливер: Овој трик тој секогаш го користи при печењето!

При подготовката на храната, британскиот шеф користи еден вид англиски компир – Maris Piper. Тој верува дека компирот ќе биде подобар ако прво го ставите да се вари во солена и жешка вода околу десет минути.

Парчињата исцеден и делумно оладен компир потоа ги става во плех за печење кој претходно го премачкал со маслиново масло или маст. Притоа, треба да знаете дека маста ви гарантира најголема крцкавост. Во плех секогаш става само еден слој компири за да се испечат рамномерно, кои ги опсолува и побиберува.

Компирите ги става да се печат во загреана рерна на 190 степени околу 30 минути додека не добијат убава златна кора. Потоа компирите ги вади од рерна, а потоа им додава зачини. Најчесто става рузмарин, ги зачинува со масло и оцет и потоа додава неколку чешниња лук. Таа мешавина ја прелива преку наполу печените компири и повторно ги става во рерна на уште 25 до 30 минути додека не се испечат до крај.

Прегледи:
960
Објавено на:
19.02.2019