Категории

Совршени празнични бајадери со кикирики! (РЕЦЕПТ)

Ако сакате посна варијанта, одберете посно чоколадо и посен кекс.

Состојки:

300 гр кекс

300 гр путер од кикирики

200 гр чоколадо

Подготовка:

Измелете го кексот, па со рака замесете ја смесата од мелен кекс и путер од кикирики. Со рацете правете правоаголници. Наредете ги во плех, покријте со пластична фолија и ставете во замрзнувач на 5 минути.

За тоа време на пареа стопете го чоколадото, па ставете го врз колачите да се распореди насекаде.

Ставете ги во фрижидер 5 минути за да се стегнат малку, па прошарајте го останатото чоколадо кое сте го ставиле на кексите.

По 5-10 минути во фрижидерот, колачите се подготени за послужување.

Прегледи:
239
Објавено на:
15.12.2021