Категории

Совршени предлози за секојдневни фризури во лето

Навлезени сме веќе длабоко во деновите на летните жештини. Понекогаш, уморени од самата топлина, не знаеме што да правиме со себе од топло и навистина не ни е дојдено до тоа да посветиме многу време на фризури. Но, сепак, сакаме да изгледаме убаво, а здодеано ни е од тоа да ја носиме косата во обично опавче. Затоа, еве неколку предлози за лесни, но интересни и убави фризури за во лето.

1.Јаже-плетенка

Интересен ‘twist’ на класичното опавче. Оваа плетенка се прави многу лесно. Следете го туторијалот подоле:

 

2. Растурена пунџа

Се што ви е потребно се неколку шнолички и стегач. За како тоа да го изведете совршено, погледнете го туторијалот подоле:

 

3. Пунџичка со дупло превиткување

Лесна фризура што бара минимални „вештини“ за правење, а ќе изгледате како да сте излегле од фризерско студио.

 

4. Плетенка „рибја коска“

Иако изгледа тешко, рибината коска всушност е лесна за правење, само треба да го употребите правилниот начин.

5. Рибја коска – нагоре

Варијација од претходната фризура, со малку повеќе внимание на стилизирањето.

Прегледи:
217
Објавено на:
21.07.2020