Совршениот маж не постои: 5 лекции кои ги научивме од Саманта Џонс!

Ликот на Саманта е најконтроверзниот во оваа легендарна серија. Сепак, таа сподели мудри совети за сексот кои и денес треба да ги имаме в предвид. Серијата „Сексот и градот“ настана на 6. јуни 1998. година. Протагонисти се четирите самостојни жени и најдобри другарки: Саманта, Шарлот, Кери и Миранда. Ти живеат во Њујорк и се обидуваат да се остварат како самостојни и слободни жени во градот во кој не е воопшто лесно да се одржат љубовните односи.

Ако е Кери Њујорк, Саманта е секс. Таа ја симболизираше либералната жена, многу успешна и без емотивно каење. Таква е Саманта. Сексот е најзина религија.

Со својата улога на зрела жена, Саманта покажа дека женската сексуалност не завршува со менопаузата, не потсети на најпикантните сексуални фантазии, избриша многу сексуални табуа со неколку легендарни дијалози.

Ова се 5 совети од Саманта Џонс.

Секс со поранешниот партнер е секогаш лоша идеја

Според мислењето на Саманта, никогаш не би требало повторно да бидете во кревет со поранешниот партнер. Како што изјави и самата во една прилика: „Сексот со поранешниот може да ве депримира. Доколку сексот биде добар, ќе бидете депримирани бидејќи го немате повеќе во својот живот. Доколку биде лош, тоа ќе значи дека едноставно сте спиеле со поранешниот.“ Со други зборови, доколку се покаже дека сексот со поранешниот е лош, тогаш нема поента зошто сте го направиле тоа.

Љубовта кон себе е најважна

„Те сакам Ричард, но се сакам себеси ПОВЕЌЕ“. Можеби ова е најлегендарната изјава на Саманта. Со ова таа сугерира дека е во ред да сакате, но никогаш не смеете да го ставите мажот пред себе. Врската на Ричард и Саманта беше лоша и затоа реши да ја прекине, без обзир на тоа колку го сакаше.

Оралниот секс може да направи да се чувствувате моќно

Оралниот секс може да биде демонстрација на моќ. Како што изјави Саманта: „Чувството на моќ е неодоливо. Можеби вие сте на колена, но неговите тестиси се во вашите раце.“

Совршен маж не постои

„Слушајте ме: совршен маж е само илузија. Почнете да ги живеете своите животи.“ Амин.

Во овој живот треба да пробате сѐ

Од сите ликови, Саманта имаше најширок поглед кон светот. Дали се сеќавате на изјавата: „Јас сум пробајсексуална. Сакам да пробам сѐ барем еднаш.“ Алудирајќи ја својата сексуална определба.




Коментари

[fbcomments]