Спасениот кенгур не може да престане да ги прегрнува волонтерите кои му го спасиле животот

За жал луѓето честопати ја забораваат важноста на благодарноста. Тоа е најдобар начин да покажете дека ги цените добрите дела од страна на другите. 

Благодарноста е поврзана со среќата и предизвикува позитивна енергија, создава силна врска, ослободува добри искуства и го подобрува здравјето. За разлика од луѓето, животните никогаш не забораваат што сте направиле за нив. Приказната за кенгурот Аби е доказ за тоа.

Аби го започнува својот ден гушкајќи ги луѓето кои се грижат за неа во засолништето за кенгури. Ова засолниште обезбедува специјална нега за кенгури, ги рехабилитира и им помага да се вратат поторно во дивината.

Малата Абигејл ја изгубила својата мајка кога имала само неколку месеци, а волонтерите од засолништето ја пречекале со раширени раце.

Аби живее во засолништето веќе десет години и има развиено посебна врска со своите спасувачи.

Кенгурите се познати како животни со долга меморија и забележано е дека имаат способност да создадат посебна врска со луѓето кои се грижат за нив, кои најчесто имаат секојдневен контакт со нив.

Денес, кралицата Аби е среќно животно полно со љубов, а тоа го покажува преку прегратките кои им ги дава на луѓето кои се грижат за неа.




Коментари

[fbcomments]