Спасете се од хаосот во домот: Трикови за брзо пакување на новогодишните украси

Дали сте и вие една од оние личности кои по раскитувањето на новогодишната елка имаат повеќе украси отколку слободно место за нивно пакување и чување? Не грижете се, со помош на овие совети ќе најдете место за секој украс.

1. Искористете ги картоните од јајца

Не знаете како да ги спакувате помалите украси? Ставете ги во картонска кутија од јајца. Тие се создадени за во нив да се чуваат кршливи предмети, па затоа искористете го тој факт.

2. Преградете ја кутијата за чевли

Ако сте вешти со ножици, лепак и картон, сами можете да ја преградите постоечката кутија и во неа да ги спакувате украсите. Важно е да направите доволно место за секој лампион и со картонските прегради да го спречите удирањето еден од друг.

3. Ставете ги лампионите во чаши

Ви останаа пластични чаши од празниците или роденденската послава? Ставете по еден лампион во секоја чаша и така спакувајте ги во поголема кутија. Пластичните чаши ќе го спречат удирањето на лампионите и кршењето на вашите украси.

4. Поделете ги украсите според материјалот

Дури и ако имате на располагање специјални пластични кутии со прегради за чување украси, бидете внимателни како ги полните. Распределете ги украсите според материјалот од кој се напоравени.

5. Спречете го заплеткувањето на лампионите

Ако ставите многу лампиони во една кутија може да дојде до плеткање на врвките кои обично ги користите за поставување на лампионите на елката. За да ја спречите таа појава, сите лампиони кои не се кршливи ставете ги на стап и така спакувајте ги во кутија до следната година.




Коментари

коментари