Спектакл кој не се пропушта – Гледајте го најпознатиот циркус во светот Cirque du Soleil од дома

Најпознатата светска циркуска атракција Cirque du Soleil од сега е достапна за гледање и од вашиот дом

Поради пандемијата, многу светски уметници мораа да ги откажат своите настапи. Но за да не ги остават своите фанови скратени од ужувањето во оваа прекрасна уметност, тие им овозможија да ги гледаат нивните спектакуларни претстави од комфорот на нивните домови.

Нурнете во прекрасниот циркуски свет позади сцената и научете некои нови трикови, како се прави шминката за настапот а исто така тие овозможија и видео содржини за најмладите.

На нивната ВЕБ СТРАНИЦА можете да пронајдете попис на бројни видеа кои можете да ги следите бесплатно. Cirque du Soleil е нешто измеѓу театар и циркус, музички и сценски спектакл кој ве маѓепса со своите ефекти, величенствени костими и извонредни артисти.

 

 




Коментари

[fbcomments]