Специфични особини кои децата ги наследуваат исклучиво од мајките

Научниците открија дека некои особини ги присвојуваме исклучиво од мајките

Сигурно сте го слушнале ова веќе многу пати, убава на мама, паметна на тато или обратно. Особините кои ги добиваме по раѓањето претставуваат своевиден микс од нашите родители. Генетиката е сложена наука, но истражувањата кои научниците ги спроведоа, доведоа до откривање на тоа кои специфични особини ги наследуваме само од мајките.

Интелигенција
Големото истражува на Универзитетот во Глазгов во кое беа испитани повеќе од 12 000 млади луѓе во доба од 14 до 22 години, покажа кои фактори влијаат на интелигенцијата, вклучувајќи ги и социо-економскиот статус и образование.
Резултатите покажаа дека најголемо генетско влијание има мајката. Нивниот коефициент на интелигенција варира само во просек на 15 бодови во однос на мајката.

Навики на спиење
Истражувањето објавено во магазинот „Sleep Medicine“ минатата година утврди дека мајките ги пренесуваат своите навики на спиење на децата и дека најмалите чии мајки имаат проблем со несоница си легнуваат подоцна и помалку се одмараат.

Брзина на стареење
Изгледа дека гените од мајките доста влијаат на брзината на стареењето.
Научниците од институто Max Plank открија ДНК од митохондрија која ја наследува исклучиво од мајките и може делимично да го контролира стареењето. Студијата покажа дека тоа исто важи и за луѓето.




Коментари

коментари