Категории

Специјалист од Кина открива 6 прецизни чекори за зачувување на здравјето

Ова се 6 едноставни утрински вежби за кои се верува дека даваат извонредни резултати

Професорот Ли Хуилин верува дека личноста може да биде потполно здрава смао ако јинг и јанг (спротивните принципи) се во потполна хармонија едни со други. Поради тоа, тој состави шест вежби со цел обновување и одржување на хармонијата помеѓу овие сили.

Вежбите се доста едноставни за изведување и достапни се скоро за сите, се изведуваат наутро и имаат неверојатно влијание на целото тело.

1.Започнете со триење на дланките.
Испружете ги рацете напред и почнете брзо да ги триете дланките во насока на сказалките на часовникот, постепено забавувајќи. Во овој случај десната рака треба да биде долу, а левата горе. Загревањето на дланките допринесува до складно работење на сите внатрешни органи.

2.После загревањето на дланките започнете да ја „чешлате косата“ со прстите. Масирајќи го скалпот, со тоа ги поттикнувате внатрешните органи да работат, затоа што влијаете на сите меридијани во телото преку главата.
Редовната масажа на коренот воедно спречува настанување на брчки и ја подобрува циркулацијата на крвта, со што го подобрува и квалитетот на фоликулите на влакната. Ли Гулин препорачува да ја „чешлате косата“ од челото до базата на черепот, да ги затворите прстите така што ќе наликуваат на тигрова шепа, а масата на главата можете да ја завршите со тријање на вратот со дланките.

3.Сега преминете со триење на ушите. За да го направите тоа, загрејте ги рацете како што е опишано во првиот чекор, а потоа со палците започнете да триете по целата површина на предниот зглоб.

4.На стапалата исто така постои голема концентрација на биолошки активни точки, па измасирајте ги пред почетокот на денот. Седете и внимателно масирајте ги стапалата по целата површина.

5.Легнете и започнете со Кегелови вежби кои можете да ги видите во видеото подолу. Стегнете ги мускулите на долната карлица и држете 2-5 секунди, а потоа опуштете се и повторете ги 10 пати.

6.Завршете со позата „Златен петел на една нога“. Само затворете ги очите, опуштете се и подигнете ја едната нога и свиткајте го коленото и стојте 2 минути на секоја нога. Ако во почетокот е тешко да одржите рамнотежа, ограничете на неколку секунди и постепено зголемувајте го времето.

Прегледи:
235
Објавено на:
08.04.2020