Категории

Спиел само по два часа дневно: Зошто Никола Тесла мразел крупни жени и накит?

Ова се некои од ритуалите на великаните од светот на науката кои ги практикувале непосредно пред создавањето на делата – уметнички, научни, или пак животни, кои оставиле голема трага во историјата.

Питагора

Еден од основачите на  математиката и едне од највлијателните филозофски мислители презирал некои намирници, а највеќе грав. Не само што не сакал да го јаде, дури се плашел и да го допре. Наводно , Питагора бегајќи од непријателот, се нашол на поле со грав, но наместо да се сокрие во него, не сакал да згази внатре, па непријателите го фатиле и убиле.

Лудвиг Ван Бетовен

Еден од најпознатите светски композитори најмногу сакал да создав музика помеѓу две туширања, или откако ќе е полие со вода. Имал навика долго да оди по собата додека смислувал композиции, а на крај ќе се полиел со вода и ќе продолжел да ги запишува нотите.

Оноре де Балзак

Многу луѓе не можат да си го замислат денот без шолја кафе. А познатиот француски книжевник наводно пиел околу 50 шолји кафе. Еднаш напоменал дека работел 48 часа пoминувајќи само 3 часа во спиење, па јасно е дека кафето му помогнало да остане буден.

Игор Стравински

Познатиот руски композитор, најпознат по балетот „Огнена птица“, имал обичај секое утро да стои на глава по 15 минути. Тоа го правел за да ги разбистри своите мисли.

Леонардо да Винчи

Да Винчи не бил љубител на спиењето. Овој ренесансен уметник, изумител и научник, за да постигне се што планирал, решил да се откаже од вообичаените неколку часа спиење. Наместо тоа, поминувал 24 часа буден, па накратко заспивал, па потоа повторно цел ден бил активен.

Никола Тесла

Научникот и изумител важел за исклучително необична личност. Не спиел многу, околу два часа дневно, но тоа не е најнеобичната работа која ја правел. Пред да легне во кревет, имал обичај да ги стиска прстите на нозете 100 пати, затоа што верувал дека тоа ќе му ја подобри работата на мозокот. Исто така, обожавал гулаби, но немал симпатии кон накитот и дебелите жени.

Фридрих Вилхелм Ниче

Ниче сите свои книги ги напишал стоечки и ги критикувал сите оние кои не го правеле тоа. Еднаш го нарекол Гистава Флобера нихилист бидејќи се одмарал додека Ниче пишувал.

Чарлс Дикенс

Дикенс бил познат перфекционист, но можно е да пател од опсесивно – компулсивно нарушување. Мразел кога косата не му била совршена исчешлана и кога му штрчело макар и едно влакно на главата. Затоа опсесивно се чешлал неколку пати во денот. На своето работно место секогаш сакал да има мала вазна со цвеќе, нож, хартија и бронзена статуетка на две дебели жаби со мачеви.

Џејн Остин

Англиската книжевничка мразела кога некои љубопитни луѓе би сакале да пројдат низ страниците на нејзините сеуште необјавени книги. Затоа намерно не ја подмачкувала вратата од својата соба за да може да слушне доколку некој влезе.

Алберт Ајнштајн

Ајнштајн отсекогаш бил ексцентричен. Не сакал бербери, па ја оставал косата да му расте. Не носел чорапи, бидејќи не ги сметал за потребни.

 

 

 

 

Прегледи:
473
Објавено на:
04.01.2018