Категории

Спиење со шминка: Како следниот ден да ја исправите оваа голема грешка?

Ви откриваме како следниот ден можете да ја „поправите“ состојбата на вашата кожа.

Веруваме дека никој од вас не го практикува ова, но сигурно е дека ви се случило барем еднаш во животот. Па дури и случајно. Ако мислевте дека една ноќ е краток период што нема да наштети на квалитетот и изгледот на вашата кожа, не сте во право.

Може да предизвика акни, безживотен изглед, запушени пори и уште многу повеќе. Еве неколку совети кои треба да ги примените следниот ден:

Доколку сте заспале со кармин на усните и ако мора да го изберете помалото зло од двете, тогаш сигурно е подобро ако спиете со кремаст кармин, одколку со течен мат.

Веднаш штом ќе станете, земете мицеларна вода или масло за отстранување на шминка и потоа направете нежен пилинг на усните. Направете го ова со смеса што ќе ја направите со мешање на кокосово масло и шеќер. Потоа нанесете богат слој на усните и обновувајте го следните 24 часа за да им помогнете на усните да се опорават.

Спиењето со шминка на очи може да предизвика значителни иритации и инфекции што доведуваат до црвени, надуени очи, а сето тоа благодарение на честичките од сенката и маскарата. Следното утро, извадете ја шминката добро од очите, но со понежно чистење од вообичаеното, бидејќи очите се многу почувствителни. Нежно вмасирајте го млекото за отстранување на шминка, што ќе отстрани сè. Потоа, нанесете богат слој на антирид и гел маска што претходно сте ја чувале во ладилник, за отокот на очите побрзо да сплавне. На самиот крај ставете навлажнувачки капки за очи, кои ќе го смират црвенилото и чешањето.

Кога ќе преспиете со целосно нашминкано лице, следниот ден очекувајте дехидрирана, уморна и безживотна кожа без сјај. Бидејќи вашата кожа не можела да се сама да се обнови во текот на ноќта (да се ослободи од мртвите клетки на кожата), мора да го направите тоа за неа следното утро! Најпрво, со помош на средство или масло за чистење на лицето, темелно одстранете ја вашата шминка, а потоа направете нежен пилинг на лицето. После тоа, нанесете тоник, серум па крема за лице.

Прегледи:
392
Објавено на:
30.01.2020