Категории

Според хороскопот овие знаци имаат најслаб карактер

Сите ние имаме некоја пријателка која ни кажува дека почнува со диета, а по неколку часа ја гледаме со чоколадо во рака. Постои голема веројатност да е родена во некој од овие хороскопски знаци.

Вага
Вагите сакаат да го живеат животот во својата зона на комфор. Секое излегување од таа зона за нив е непријатно, затоа што се склони кон тоа да се откажат од се ново кое ќе го започнат. Некогаш повеќе сакаат да останат на работата која им носи помали приходи, а која ја работата веќе автоматски, отколку да напредуваат во некое ново поле кое ќе бара од нив труд и пожртвуваност.

Близнаци
Близнаците често се несериозни. Ако нешто не ги забавува, тие се откажуваат без никаква грижа на совеста. Нивниот ведар и симпатичен дух им помага во наговорувањето на другите да ги завршат нивните работи наместно нив. Тоа го сметаат за успех затоа што не морале да се трудат, туку можеле да се посветат на нешто што им е интересно.

Риби
Иако на почетокот се многу заинтересирани за некоја одлука, цел или проект, кога ќе видат дека работите не се толку едноставни се разочаруваат и се откажуваат. Рибите имаат исклучително слаба волја и тешко им е да останат доследни на нешто. Успешните Риби не најчесто тие кои имаат подршка од некој од силните знаци чија сила е доволна и за двајцата, на пример Лавовите, Водолиите, Биковите.

Прегледи:
589
Објавено на:
05.07.2019