Категории

Според начинот на седење, лесно можете да одредите нечиј карактер

Многумина од нас поголемиот дел од денот го поминуваат во седење, бидејќи такви ни се работните позиции. Дури и ако вашата работа не бара да го поминете поголемиот дел од денот зад биро, сигурно поминувате многу време седејќи на креветот, во кујната или во удобно столче.

Додека долгото седење може да има несакани ефекти на нашето здравје, постои нешто за седењето кое луѓето не го знаат. Всушност, начинот на кој седите може да каже многу за тоа каква личност сте. Дали седите со вкрстени нозе? Или секогаш ги вкрстувате глуждовите? Што е со оние од вас кои сакаат да седат на подот? Погледнете што има да каже за вас начинот на кој седите.

1. Вкрстени нозе

Вкрстувањето на нозете укажува на отворена и безгрижна личност. Оваа позиција, со колената раширени на страна, покажува дека сте отворени за нови идеи. Исто така, флексибилноста која е потребна за овој начин на седење покажува дека сте и емоционално флексибилни.

2. Исправени, со добро држење

Како што можете и да претпоставите, оваа положба покажува дека имате голема самодоверба. Ако ова е вашата вообичаена положба на седење, вие сте силна и доверлива личност и секој ви се обраќа вам кога има потреба од помош или утеха. И иако сè ви е под конец, вие знаете како да се забавувате и како да уживате во малите работи во животот.

3. Навалени наназад

Дали сте знаеле дека ако се навалувате наназад на вашите раце, вие сте добри аналитичари? Навалувањето на рацете ви овозможува да набљудувате некоја ситуација без да се вклучите во истата. Ова значи дека сакате да го примите она што го гледате, но сте многу внимателни пред да се вмешате. Исто така сте и внимателна личност и многу често сте свесни за чувствата и емоциите на другите.

4. Вкрстени глуждови

Вкрстувањето на глуждовите значи дека сте отмени и елегантни, но истовремено отворени и приземни. Бидејќи ова е релаксирачка положба, таа укажува дека се чувствувате удобно. Бидејќи седењето со вкрстени глуждови изгледа „кралски“, ќе направите секој околу вас да се чувствува уверено.

5. Стискање на потпирачите за раце

Ако седите здрвено и ги користите потпирачите за раце, тоа значи дека сте чувствителни и секогаш сте свесни за вашето опкружување. Потпирачите ве поддржуваат и физички и емоционално. Тие исто така ви нудат удобност и безбедност. Користењето на потпирачите често значи дека вие сте стабилна и приземна личност и вашите пријатели ве гледаат како емоционална поддршка.

6. Вкрстени раце

Вкрстувањето на рацете често е знак за сила, одбранбеност и самодоверба. Исто така значи дека се чувствувате заштитнички бидејќи буквално го штитите вашето тело користејќи ги рацете. Луѓето кои ги вкрстуваат своите раце обично се внимателни, сериозни и по природна се добри аналитичари.

Не ја најдовте вашата омилена позиција за седење? Продолжете на следната страна

Следете ја Среќа Мк на Инстаграм

1 2

Прегледи:
766
Објавено на:
20.04.2017