Категории

Според видот на кафето кое го пиете, проверете во која група на луѓе спаѓате!

Омиленото кафе има поврзаност и со одредени психолошки карактеристики, покажало едно истражување во Австрија. Оние кои сакаат слатко кафе обично се пријатни и љубезни.

Ако сте на кафе со некој кој пие чисто црно кафе, можеби треба да се свртите и да си одите. Ова истражување пронашло поврзаност помеѓу омиленото кафе и човековите особини. Се покажало дека чистото црно кафе најчесто го пијат луѓето со психопатски и садистички тенденции.

Истражувањето било спроведено на 1000 луѓе. Испитувале кое им е омилено кафе и на тој начин спроведувале психолошки тестови врз нив кои можат да покажат нарцизам, садизам, психопатија и агресија.

Садистички и психопатски особини покажале луѓето кои сакат горко кафе. Оние кои сакаат слатко кафе и со млеко и други слатки вкусови, генерално се склони кон сложување со мислењето на останатите и се истакнуваат по симатичноста, соработката и љубезноста.

Истакнуваат дека најизразена е поврзаноста помеѓу горката храна и секојдневниот садизам, а истражувачите сметаат дека таа состојба веројатно се влошува со тек на време.

Прегледи:
586
Објавено на:
16.01.2019