Спортување, опуштање и забава #ПочниСоВодно овој четврток

Еден поинаква забава за после работа ќе се случува ова лето. Има музика, има дружење, но има и спортување и се одржува на Водно.

Овој четврток повторно ќе се одржи настан од иницијативата #ПочниСоВодно во организација на  Guardians of Naturе I love hiking – group Macedonia кои во четврток попладне ни нудат поинаква забава и рекреација во нашето најблиско и омилено Водно.

Како време за старт на качувањето е обележан 18:00 часот пред Кочо Рацин, а оваа иницијатива е создадена за сите оние кои сакаат да се дружат, да ја подобрат својата форма и да уживаат во природата. Настанок ќе биде збогатен и со музика за комплетно уживање и опуштање на учесниците.

Ова е настан за бегство од секојдневието, но и за да се видите со вашите пријатели и можност да  запознавате нови луѓе. На овој настан може да добивате корисни совети за вашата исхрана и за подобрување на физичката кондицијата, како и насоки за сите следни тури кои ги организира друштвото.

Повеќе за настанот може да дознаете на нивнот фејсбук настан, а се што ви е потребно е волја да започнете нешто ново и убаво во вашиот живот. 




Коментари

коментари