Категории

Spotify аудио апликацијата конечно достапна и во Македонија

За сите љубители на музиката имаме одлични вести – Најпопуларната апликација Spotify конечно е достапна во Македонија.

Како најпопуларна апликација за стримање музика Spotify влезе на пазарот и во 12 други земји. На листата се Албанија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Косово, Молдавија, Казакстан, Русија, Србија, Хрватска и Црна Гора.
Официјално овој сервис е достапен од 15 јули.

„Лансирањето на овие 13 пазари е важен дел од патот за Spotify, особено затоа што ги поздравуваме обожавателите и уметниците на растечките музички пазари како Русија, каде стримингот се врши брзо и каде гледаме значајна можност за Spotify.“

Апликацијата доаѓа во две верзии, бесплатна во која ќе треба да преслушувате и реклами, и премиум верзија со месечна претплата која изнесува 5 евра и ви овозможува да ја слушате омилената музика без прекин.